Лаурус Офисис, Будимпешта

Галерија

Проектот, под името Лаурус Офисис, се состои од три згради, од кои секоја има 7 + 2 нивоа, вклучувајќи подземен паркинг со над 240 паркинг места и е опкружен со паркинзи на отворено. Ѕидовите на модерниот канцелариски комплекс од "А" категорија се изградени од лиена челично бетонска фасада која е целосно стаклена. Стаклото за топлотна изолација е лепено. Поради специјалните решенија за изолација на фасадата под стакло (= помеѓу изолацијата и фасадата нема изолациски воздушен слој) URSA Шалготарјан ДОО (Унгарија) вгради 3500 m2 KDP2 120 mm жолта стаклена волна. Клиентот одлучи да го користи материјалот од URSA за изолација и на внатрешните ѕидови: монтирана е стаклена волна TWF1 50 мм. Овие јавни работи се извршени во периодот 2009 - 2011 година, како дел од програмата за развој на градот, којашто е финансирана од страна на Групацијата Ерсте.