Со топлинската изолација на надворешните ѕидови на подрумот се намалува загубата на топлина и во подруми што се греат и во оние што не се греат. Во секој случај се препорачува монтажа на периметарска изолација уште на самиот почеток, затоа што подоцнежната монтажа на внатрешна изолација предизвикува намалување на просторот. Со тоа може да настанат и топлински мостови што подоцна нема да може да се редуцираат.
Периметарската изолација го обвива објектот без создавање топлински мостови и дополнително претставува заштита на хидроизолацијата од механички оштетувања. Изолационите плочи URSA XPS се особено погодни за таа намена. Тие се водонепропустливи и може да се најдат со различна отпорност на притисок.
Внатрешната изолација освен губење на простор (изгубени пари за кирија) со себе носи и други недостатоци. Периметарската изолација на надворешната страна на хидроизолацијата го изолира објектот без создавање на топлински мостови и претставува дополнителна заштита за хидроизолацијата од механички оштетувања.