URSA GOES GREEN

08.03.2018

Со слоганот „URSA goes green“ сакаме да ја нагласиме поголемата свест на нашите клиенти при изборот на подобри изолациони материјали.

ursa-ursagoesgreen-1520582161.jpg

Со слоганот „URSA goes green“ сакаме да ја нагласиме поголемата свест на нашите клиенти при изборот на подобри изолациони материјали.

Компанијата URSA со своите изолациони материјали за градежништво ја продолжува традицијата за развивање на иновативни изолациони материјали и таа активно учествува во заложбите на ЕУ за намалување на емисијата на стакленички гасови за 20% до 2020 година.

Иновативните производи BiOnic, кои се на пазарот од минатата година, се направени од обновливи и рециклирани природни материјали. Производите на URSA нудат енергетска ефикасност во зградите и подобрување на квалитетот на животот на луѓето. За дополнително да го истакнеме нашиот удел во намалувањето на емисијата на CO2 на глобално ниво, одлучивме да го прикажеме на интернет намалувањето на емисијата на CO2, што го постигнавме со продажбата на материјалите за топлинска изолација на URSA и со активностите на нашите вработени.

Како да препознаеме подобри производи?

Проверете го пакувањето, бидејќи зелената боја на пакувањето ги потенцира подобрите производи во нашата понуда. На тој начин и вие може да го следите слоганот „URSA goes green“ и да придонесете со вашето камче во мозаикот на намалување на емисијата на CO2.