Подрумски тавни

Подрумските плочи на подрумите може да се изолираат и од горната и од долната страна. Предуслов за изолација на долната страна на подрумската плоча е доволна висина на плафонот во подрумот.

Подрумски тавни

Кај масивните плочи изолационите плочи се лепат или се зашрафуваат на подрумската плоча. Притоа дебелината на изолациониот материјал се определува во зависност од висината на плафонот во подрумот и според преостанатата висина за надвратник и натпрозорник.  Се препорачува дебелина на изолациониот материјал од најмалку 8-10 cm од економски и енергетски аспект. Особено добрите својства за апсорпција на звук на минералната волна ја подобруваат акустичноста на просторот и оптималната топлинска изолација на плочата заштедува енергија. 

Обработка

Од аспект на противпожарна заштита препорачуваме да се користат метални спојници DHM што одговараат на нашите незапаливи фасадни изолациони плочи.  Дискот за спојницата мора да биде мазен и да има дијаметар од најмалку 85 односно 110 mm.

 

Изолационите плочи се прицврстуваат на таванската плоча наизменично завртени за 90°. На тој начин испакнатите делови од воалот ги покриваат споевите на плочите и на тој начин се добива рамномерен изглед одоздола. За да се постигне рамномерен изглед без набори (ефект на душек), држачот се фиксира или зашрафува само до дебелината на плочата.

 

Оптимално прицврстување: 5 спојници по плоча

Оптималниот број на спојници опфаќа една спојница во средината на плочата и по една спојница во секој агол (симетричен распоред) со растојание од рабовите од  10 cm. За таков распоред се потребни 5 спојници по плоча (3,47 спојници/m²). Површината може да се обои со дисперзивна боја* со шприцање. Максималната количина на боја е 80g/m².

 

Алтернативна „штедлива“ варијанта: 2 спојници по плоча

Кај штедливата варијанта спојниците од аглите се поставуваат на споевите на плочите/точките на прекрстување. При тоа треба да се користат најголемите дијаметри на дискови. Со ваков распоред се користат приближно 2 спојници по плоча (1,39 спојници/m²). При силно вшмукување на воздух (на пр. влез за гаража) рабните плочи треба да се фиксираат со дополнителни спојници.