Превртен покрив

Превртениот кров претставува посебна форма на рамен кров. Формата на конструкцијата спаѓа во топли кровови, а името е изведено од обратната изведба од конструкциите за рамен кров.

Превртен покрив

Спротивно на конвенционалните рамни кровови, кај кои изолациониот слој е под хидроизолацијата на кровот, кај превртениот кров изолациониот слој се поставува над хидроизолацијата. Со полагањето на изолациониот слој озгора, хидроизолацијата се заштитува од механички и термички оптоварувања. Тоа важи и за времето на градба и во целата фаза на користење. Превртените кровови над изолациониот слој може да се изведуваат во различни варијанти. Па така постојат превртени кровови со слој од чакал, проодни кровови и кровови по кои може и да се вози или изведби со зеленило. Со своите сертифицирани плочи од екструдирана пена и системските компоненти URSA нуди идеално решение.

Превртен кров со слој од чакал

Превртениот кров со екструдирана полистиренска пена URSA XPS нуди неверојатно едноставно решение: изолационите плочи се поставуваат врз хидроизолацијата и на тој начин освен сигурна топлинска изолација се обезбедува и долг животен век на хидроизолацијата. Кровната мембрана се заштитува од механички оштетувања за време на градежниот период и подоцнежната употреба. Не се појавуваат екстремни термички оптоварувања на хидроизолацијата на кровот. Структурата на слојот е намалена во однос на конвенционалните рамни кровови. Монтажата е едноставна дури и во екстремно лоши временски услови.

Превртен кров со зеленило

Превртениот кров со зеленило е специјална конструкција за која е градежно одобрен производот URSA XPS (Z-23.31-1263). Кровната хидроизолација во лето и во зимо е оптимално заштитена со изолацијата поставена врз нејзе и зеленилото. URSA XPS е отпорен на притисок и на вода. Постојат различни варијанти на отпорност на притисок. Се прави разлика помеѓу обемно и интензивно зеленило.

Кровна тераса

Рамните кровови според принципот на превртен кров може да се проектираат како кровни тераси. Барањата за звучна изолација од бучава од воздушен шум, меѓу другото, зависат од нивото на надворешна бучава и тие треба да се разгледаат поединечно. Кулир плочите на URSA XPS може да се постават и на пластични држачи за плочи и на слој од ситен чакал 3/8 mm. Во секој случај статичар треба да провери дали одбраната изведба е соодветна за очекуваните товари. Изолационите плочи URSA XPS може да се најдат со различни нивоа на дозволено оптоварување и тие може да се одберат согласно барањата.