Денеска обично се користат канали за инсталација направени од метал. Поединечните елементи или се испорачуваат комплетно или пак сукцесивно се транспортираат до објектот. Притоа, самата логистика е доста обемна, Монтажата, а по потреба и подоцнежната изолација одзема многу време.
Многу поефикасно е да се користат плочите од минерална волна URSA AIR. Испорачаните плочи не само што заземаат малку место при складирање, туку овозможуваат и изведба и изолација на каналите во само еден работен чекор. При тоа, една палета одговара приближно на дневниот обем на работа на тим за монтажа составен од три лица.
Со URSA AIR изработката на каналите е поефикасна уште при самата монтажа, а со тоа и поекономична, затоа што URSA AIR нуди канал и изолација во еден производ и во една работна операција.